ОКО
Го виде! Скриен во пепел на загаснат оган. Жар што тлеел! Се изроди врз судбата на огнот што скриено го бдеел.
ОКО
Photo by Colin Lloyd
[embed]
Го виде! Скриен во пепел на загаснат оган. Жар што тлеел! Се изроди врз судбата на огнот што скриено го бдеел.
Се расцепи земја,го проголта огнот над водата ветрец започна да дува, но остана жарот ветрец да го чува.
Се распламти жарот во спокоен оган, за в пеплишта повтор жарој да се кријат, оган,земја,вода,ветрец, кој каде ќе вплива, под сонцето јарко повтор за да бдијат.
Ветришта од бескрај се всидрија над вода, земја зрак од сонце продолжи да впива, времето што стои здрвено во камен, секогаш ќе раѓа жарој во нов пламен.
Окото што гледа се и сешто виде секогаш и сегде виденото да биде. Во радоста тага,во чемерот лага, ме вознесе спокој по жарот што трага.
Александар 8th November 2015
СЈАЈ
Зракот ѕирка…….во бело,бело белило пирка ветрец жетва жнее или сон верата глeдам му е трон
Се нешто се буди во овие планини руди душевен мир ко бело од црно секому со честив лик не ќе даде да го згази богохул во крик
Мирно е во мир клокот врие во маски на пир
Бистра вода, око сјај, ми се стори се, се баш се, лесно било, знам и знај после крајот нема крај.
Александар 7th October 2017 by Aleksandar Pulejkov
메타데이터
- post_id
- 90e7d3d9899a
- slug
- око-90e7d3d9899a
- url
- https://medium.com/tvorbi/%D0%BE%D0%BA%D0%BE-90e7d3d9899a
- canonical_url
- https://medium.com/tvorbi/%D0%BE%D0%BA%D0%BE-90e7d3d9899a
- author_url
- https://medium.com/@pulejkov
- status
- ok
- fetched_at
- 2026-07-09 23:37:22